Од денес па до 18 – ти септември, на струмичкиот плоштад ќе се игра третиот по ред „Стрит баскет 2013’’. Натпреварот ќе го отворат екипите „Егзит’’ и „Гугл’’ кои први ќе играт вечерва од 18 часот, а веднаш по нив настапуваат екипите на „ПР кафе’’ и „Огражден’’. За овогодишниот Стрит баскет пријавени се 14 екипи кои ќе се борат за парични награди, и тоа: 20.000 илјади денари за прво место, 13.000 илјади денари за второ место и 7 илјади денари за третото место.