Здруженијата на граѓани кои добија финансиска поддршка од општина Струмица почнаа со реализација на проектните активности. Во домот на АРМ се одржа трибина на тема „Нервниот систем, гените и матичните клетки“ во организација на Здружението на и за Дистрофија и останати невромускулни заболувања, а во рамките на социјалната програма на општина Струмица.
Спред Стојан Донев, претставник на здружението, целта на проектот е идентификација на лицата со посебни потреби бидејќи официјална бројка за нив не постои.
-Нашата улога со овој проект ќе биде откривање и евидентирање, односно внесување во ситемот на здружението, општината и државата на приличниот број на ваквите лица, затоа што точно не можеме да откриеме колку има , а според светската статистика бројот на лицата со посебни потреби се движи од 8 до 10 проценти од вкупното население. И минатата година бевме поддржани од општината со 60 илјади денари и обработивме 11 населени места, а врз база на минатогодишните резултати, годинава комисијата не бодираше максимално со 100 бодови и ја добивме максималната сума од 120 илјади денари кои наменски ќе се искористат, рече Стојан Донев претставник на здружението.
Општина Струмица годинава со 2,3 милиони денари финансира вкупно 23 проекти на здруженија и фондации од областа на локалниот економски развој и социјалната заштита.