Се подобрува водоснабдувањето во населеното место Раборци

Во населеното место Раборци во тек е изградбата на резервоар за вода со што ќе бидат надминати проблемите во водоснабдувањето. Досегашниот резервоар беше ниско поставен и во лоша состојба и не ги задоволуваше потребите за вода на сите жители, посебно на оние во повисокиот дел од селото.

Новиот резервоар е со зафатнина од 60 метри кубни и со изградбата новиот цевковод и пумпната станица, целосно и квалитетно ќе ги задоволи потребите од вода  во ова населено место. На изградбата на резервоарот му претходеше пробивање на пат до местото каде што се гради истиот.
Средствата за реализација на овој проект во висина од 1.654.624 денари, ги обезбедија општина Струмица и Бирото за регионален развој.

 

Comments are closed.