На задоволство на учениците, првиот час за сите групи во новата академска година во Академија АБЦ – Струмица се одржа на 11 септември во чест на големиот празник за Струмица, Денот на ослободувањето.
Вчера Академијата за Образование, Спорт и Култура беше полна со ученици спремни за дружење и совладувањето на новите знаења. На нив им се придружија и наставниците од четирите основни училишта „Сандо Масев’’, „Видео Подгорец’’, „Никола Вапцаров’’ и „Маршал Тито’’ кои започнаа со имплементација на проектот ЛИЧНА НАДГРАДБА ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ОД ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА.
Започна академската година за учениците во Академија АБЦНаставниците отпочнаа да ја посетуват бесплатната настава по странски јазици која ќе им овозможи лично да се надоградуваат и ја унапредат својата кариера како наставници.
Наставници на бесплатна настава во Академија АБЦОвде Академијата АБЦ не застанува со новини . По повод јубилејните две децении од постојањето, во текот на целата академска 2013 -2014 таа ќе настапии со бројни проекти, поволности и изненадувања во корист на сеопштественото и социјалното живеење во Општина Струмица!