Младите од Црвениот крст ги учеа основците како да си помогнат себеси кога се повредени

Во дворот на ООУ „Никола Вапцаров’’ младите од Црвениот крст од Струмица денеска одржаа кратка презентација пред учениците во давање на Прва помош во случај на сообраќајна незгода во која главни повредени се моторциклистите.

Целта на вежбата беше децата да научат како да реагират во ситуации кога се повредени и соодветно да пружат помош на себе или на другите.

Со денешната презентација Црвениот крст го одбележи Светскиот ден на првата помош кој се слави секоја втора сабота во месец септември.

Comments are closed.