Четириесет дела на изложбата од овогодишната Меѓународна струмичка ликовна колонија

Четириесет новосоздадени дела од јубилејната 50-та Меѓународна струмичка ликовна колонија  синоќе беа претставени на изложбата во НУЦК „Антон Панов’’. Академскиот сликар Васил Алачев кој на средбата на уметниците учествува веќе 25 години, оцени дека овогодишната струмичката колонија беше успешна:

„ Таа немаше квантитет, но имаше квалитет . Уметниците вредно работеа и покрај жешкото лето. Се дружевме и учевме едни од други’’ – рече Алачев.

Оваа година на колонијата учествуваа 20 уметници од Македонија, Турција, Полска, Србија, Бугарија и Црна Гора, а во мозаичната работилница која истотака славеше јубилеј од 20 години, учествуваа и мозаичари од Италија.

Изложбата е отворена до крајот на месецот.

 

Comments are closed.