Синоќа во с. Просениково врз 25 годишната ББ се срушил ѕид во дворот од семејната куќа при што истата го загубила животот, соопштува МВР.
Случајот бил пријавен во полицијата од нејзиниот сопруг, а според неговата изјава, жената била во близина на старата куќа кога ѕидот паднал и ја потрупил.
Лекарите од Итната помош ја констатирале смртта.