„Месарница Ронибет’’ е победник на првиот Ноќен турнир во одбојка. Во третиот одлучувачки сет, тие го победија второпласираниот „Фико Савело’’ со резултат 14:10.
Третото место во машката конкуренција го зазеде екипата „Нова Маала’’ додека во женската конкуренција, првото место го освои екипата од Струмица „Панел’’. Пехарите на најдобрите екипи на Street volleyball 2013 турнирот им ги додели градоначалникот Зоран Заев кој е и покровител на овој спортски натпревар.