По прославувањето на својот 104 роденден оваа лето, најстарата стумичанка Лина Ќучукова почина синоќа. Лина Ќучукова е родена на 9 август 1909 година во Гола, во близина на Кукуш, Грција. На четиригодишна возраст била донесена во Струмица. Целиот работен век го поминала по нивите, обезбедувајќи со сопругот егзистенција за семејството. Баба Лина има еден син, три ќерки, 9 внуци и 12 паравнуци.