Струмица ја одбележи 69 годишнината од ослободувањето

 Со полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк, струмичани го прославија 11 септември 1944, денот кога Струмица беше ослободена од фашистичка окупација. На свеченоста приредена по повод големиот празник на Струмица, учениците од Домот за деца и млади “Благој Мучето” рецитираа револуционарна поезија, а потоа засадија дрвце на другарувањето во Алејата на младите.

Comments are closed.