Младите социјалдемократи подарија колаж од фотографии на градоначалникот Заев

По повод празникот Денот на ослободувањето на Струмица, младите социјалдемократи од Струмица му подарија на градоначалникот Зоран Заев колаж од фотографии од некогашната и сегашна Струмица.

„Единаесeтти септември е денот кога се потсетуваме како од година во година го бележиме растот и развојот на нашата Струмица. За нас младите овој празник има големо значење бидејќи во последниве осум години Струмица прерасна во европски град, град кој многумина го посакуваат за место на живеење.

Токму во тие години градот го промени својот лик, а ние од ЛК СДММ Струмица покажавме и докажавме како се води една општина, како се пред се сака својата општина. Нека ни е честит 11 септеври, Денот на ослободувањето на Струмица’’ – изјави претседателот на ЛК СДММ од Струмица,  Костадин Костадинов.

Comments are closed.