Започна турнирот во одбојка на струмичкиот плоштад

По повод Денот на ослобoдувањето на Македонија и Денот на ослободувањето на Струмица, синоќa започна четиридневен аматерски турнир во одбојка „Street volleyball 2013’’ кој се одржува за прв пат.

Силите на струмичкиот плоштад ќе ги одмераат 7 екипи во машка конкуренција од Струмица, Ново Коњарево, Нова Маала, Злеово, Калуѓерица и Сушево, додека во женска конкуренција ќе се натпреваруваат 4 екипи – три од Струмица и една од Валандово.

Одбојкарскиот турнир е оргазнизиран на иницијатива на пранешните одбојкари Никола Делевски, Стојан Милковски, Гоце Кончалиев и Горан Панов , а под покровителство на градоначалник Зоран Заев, Советот на општина Струмица и Младински совет.

Вториот ден од турнирот продолжува вечерва од 19:30 часот на плоштадот „Гоце Делчев’’.

Резултатите од синоќешните натпревари се:

Нова Маала – Сушево – 2:0 во сетови

Ново Коњарево – Меда Мебел – 2: 0 во сетови

Месарница Ронибет – Злеово – 2:0 во сетови

Сико Савело – Меда Мебел -2:1 во сетови

Comments are closed.