Со свечен настап на мажуретки и изведба на преставата „Хеда Габлер’’ на Народниот театар од Битола, во Струмица започна 21-от Фестивалот на камеран театар „Ристо Шишков’’.
Во следните шест дена љубителите на театарската уметност ќе можат да уживат во 18 претстави кои ќе се играт на големата сцена, малата камерна сцена и на сцената 112 каде за прв пат годинава сцена 24 ќе биде резервирана за мали театарски форми кои ќе се изведуваат по 24 часот.
Како учесници кои за прв пат ќе настапуват на фестивалот се најавени Градскиот театар од Москва и Детскиот театар од Романија, а за престижната награда златен медаљон со ликот на Шишкот и и паричен износ од 1.500 евра оваа година ќе се натпреваруваат 50 актери од Македонија и од осум странски држави, а одлуката кој е најдобар актер ќе ја донесе петчлено меѓународни жири.
Покровители на фестивалот се Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев, како и ЈПКД „Комуналец“ .