Со полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на Гоце Делчев и читање на револиционерна поезија на учениците од Домот за деца и млади “Благој Мучето”, во Струмица се одбележи големиот државен празник Денот на независноста на Република Македонија.
За историографијата на празникот зборуваше претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, а на свеченоста присуствуваше градоначалникот Зоран Заев, преставниците на политичките партии, институции и Сојузот на борци.