Децата со посебни потреби во хуманитарна акција You Are Not Alone

Убавиот септевриски ден дечињата со посебни потреби од Струмица го искористија да учествуваат во хуманитарната акција You Are Not Alone ( Вие не сте сами).

На плоштадот тие со волонтерите од ова организација сликаа цртежи на тема „Во мојот свет’’. Со денешната акција се одбележи 9/11 Day of Service and Remembrance, денот на кој американскиот претседател Барак Обама ги повикува младите од целиот свет да им помогнат на сите оние на кои што помошта им е неопходна во било каква форма.

Делата кои беа насликани за време на акцијата ќе им бидат понудени на македонските компании кои ќе сакаат да ја помогнат оваа иницијатива. Организаторите на оваа хуманитарна акција се SWT Алумни Македонија, Младинскиот Совет при Американската амбасада во Македонија, Младинскиот совет на општина Струмица, Здружението „НОВУС’’, поддржани од американската амбасада во Македонија.

Comments are closed.