Изберете долгогодишно искуство, стручност и квалитет.
Изберете го Центарот за странски јазици Лингва НОВА за свој партнер во учењето на саканиот јазик.
Центар за странски јазици ЛИНГВА НОВА
раб.вр. 08.00 – 20.00 (понеделник-петок) 09.00 – 16.00 (сабота)
тел. 034/ 323-771 , 070/ 394-544 лок. НАРОДНА ТЕХНИКА
Сакате Вашите најмали да се социјализираат, постепено да се навикнуваат на училишната атмосфера, а воедно и да започнат со учење странски јазик уште пред да тргнат на училиште?
Учите некој јазик во училиштето, па сакате да го совладате подобро?
Сакате да ги подобрите Вашите можности за вработување?
Се подготвувате да патувате или живеете во странство?
Постојат безброј причини зошто да учите странски јазици.
Секој со својата причина, но со една единствена цел- надминување на најважната јазична бариера која би можела да постои за Вас во комуникацијата со останатиот свет.
Почитувани,
Наша цел е секој наш ученик да покаже успех во совладувањето на јазикот кој го изучува. Како последица на тој успех потоа да се почувстува сигурен во себе да го примени наученото во различни ситуации во животот.( во училиште, на работа, патување надвор од државата, средба со странски државјани, користење интернет итн.)
Се трудиме да обезбедиме професионален пристап, пријатна и позитивна атмосфера за учење која ќе ве потикне и помогне да ја совладате уметноста на зборување, слушање, пишување и размислување на туѓ јазик.
Наша цел е ученикот не само да се стекне со Диплома за завршен степен, туку да поседува и знаење како поткрепа на таа диплома.
ЦСЈ ЛИНГВА НОВА ОРГАНИЗИРА КУРСЕВИ ЗА ДЕЦА И ВОЗРАСНИ ЗА СИТЕ СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ И ЗА СИТЕ СТЕПЕНИ (НИВОА).
ПОВЕЛЕТЕ, ВЕ ОЧЕКУВАМЕ.