Тиверија на гостински терен против Победа Јуниор

Тиверија утре во рамките 5-тото второлигашко коло, со почеток од 16:30ч. на гостински терен ќе се обиде да дојде до триумф против Победа Јуниор и да дојде до трите посакувани бодови.

Моментално Тиверија на табелата се наоѓа на 12 позиција со само 3 освоени бодови и очајно се потребни трите бодови, додека пак домаќинот е на 9 позиција со 5 освоени бодови.

Победа Јуниор ќе ја искористи предноста што игра на домашен терен за триумф и да се вмеша за петото место.

Фудбалерите на Тиверија ќе морат да одигра максимално за да ги добијат трите бодови и да се искачат до 7 позиција, во спротивно и понатаму ќе останат во зоната за испаѓање, односно преселба во третата лига.

Денес во почеток од 16:30ч. ке се одиграт следниве натпревари:

Маџари Солидарност – Руфеја

Силекс – Новаци 2005

Тетекс – Врапчиште

Корзо – 11 Октомври

Борец 2009 – Миравци

Зајас – Локомотива Бентоекс.

Дрита – Скопје

Александар Ванев

Comments are closed.