На 21 и 22 септември (сабота и недела), на тениските терени „ПАРК“ во Струмица, ќе се одржи турнир во тенис насловен како „Струмица тенис опен 2013“ .
Ссе до 20 септември (петок), сите љубители, може да се пријават и да бидат дел од овогодинешниот турнир во тенис, а котизацијата за учество изнесува 600 денари.
За победникот на турнирот е предвидена награда тениски рекет „head radical“ (Аndy Мarrey) и пехар, за второто место торбица и пехар, а се планирани награди и за останатите учестници, но нема да изостанат ниту изненадувањата за публиката.
Пријавувањето можете да го направите на телефонскиот број: 078/321-496, во просториите на тениските , како и на фејсбук страницата: https://www.facebook.com/TeniskiTereniPark