Ученикот од четврта година од СОУ „Никола Карев’’,Ване Андонов, беше единствениот преставник на Струмица на овогодишната Летна академија на Младински образовен форум (МОФ) што се одржа во Охрид од 26 – 31 август.
Како што тој вели, на извидничкиот камп се пријавил самоиницијативно со желба да го унапреди своето знаење на овогодишната тема „ Граѓански и политички права и слободи’’.
„За академија на МОФ никој не се пријавил од Струмица освен мене. Претпоставувам дека младите не се заинтересирани за теми како изградба на демократско друштво, на пример. Мој личен бенефит од кампот беше градење на нови пријателства, но и унапредување и развој на мојата личност.’’ – кажува струмичкиот средношколец. Инаку, ова не беше неговото единствено учество на овој тип на извиднички кампови. Во 2010 тој беше дел од „Лидрешип камп’’ во Маврово.