Дванаесета крводарителска акција на струмичките општинари

Вработените во општинската администрација денеска даруваа крв од 08 – 14 часот.

–   Задоволни сме со одзивот.  Вработените во Локалната самоуправа два пати годишно даруваат крв, а денешната  крводарителска акција е дванаесета по ред  – изјави Заге Каменчева од Црвениот крст Струмица.

Хуманитарната крводарителска акција се спроведува  во соработка  на Црвениот крст Струмица со Службата за трасфузиона медицина.

Comments are closed.