Со денешниот Турнир во мал фудбал за средните училишта кој се одржува во СОУ „Никола Карев’’, во Струмица започнуваат низа на свечености и манифестации по повод одбележувањето на Денот на независноста на Македонија (8- ми септември) и Денот на ослобудувањето на Струмица на 11 септември.
Како дел од програмата, утре се продолжува со спортски игри. Во ООУ „Никола Вапцаров’’ ќе се одигра Турнир во мал фудбал за основните училишта под оргазнизација на Општински сојуз на училишен спорт.
Во недела, големиот македонски празник ќе се одбележи со пригодна свеченост и полагање на свежо цвеќе пред Споменикот на Гоце Делчев, а истиот ден со почеток од 20 часот во НУЦК „Антон Панов’’ ќе се отвори дваесетипрвиот Фестивалот на камерен театар “Ристо Шишков’’.
Од 8 – 11 септември на плоштадот „Гоце Делчев’’ закажан е тродневен Ноќен аматерски одбојкарски турнир кој ќе се игра со почеток од 21 часот.