За четири дена започнува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица. Фестивалот се одржува од 1993 година во чест на великанот на македонското актерство, Ристо Шишков додека од 2005 година тој доби и меѓународен карактер. Камерниот театар „Ристо Шишков’’ започнува на 8- ми септември, а бројот на театарските претстави и времетраењето на фестивалот се менуваат секоја година.
После секоја претстава се одржува тркалезна маса на актерите од претставата со публиката, а како единствена награда за високо актерско достигнување се доделува златен медалјон со ликот на Ристо Шишков и парична награда од 1500 € во денарска противвредност.