Кирил Парталов: Документите покажуваат дека општина Струмица сама инвестирала во изградба на инфраструктура

 

Денеска секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов одржа прес конференција на која реагираше на пресовите од   државната власт во кои тие тврдеја дека инвестирала во инфраструктурата во општина Струмица.

Во прилог интегрален текст од прес конференцијата на Кирил Парталов, секретар на општина Струмица  одржана на 04.09.2013 година

Нема да зборуваме за тоа кој лаже за странската инвестиција во Струмица.

Еве ги фактите:

Ова се изводите од уплатниците од ЈП „Агро Берза“ со коишто е уплатен надоместокот.

Гледате, на нив пишува надоместок за уредување градежно земјиште, а не нешто друго што може да биде инвестиција во инфраструктура.

Како тие сакаат да спинуваат е друго – еве доказ дека станува збор за надоместок за уредување градежно земјиште!

Тоа се документитете.

Сега прашуваме, дали и понатаму власта ќе тврди дека инвестирала во инфраструктурата во општина Струмица ? Документите покажуваат дека таа само платила надоместок за уредување на градежно земјиште, што Општината понатаму сама го инвестирала во изградба на инфраструктура.

По логиката на власта, што не е соодветна на законските надлежности, дека таа инвстирала во инфраструктурата – за објектите што централната власт  ги гради во Струмица, а тоа се спортските сали во Куклиш и во СОУ „Димитар Влахов“, како инвеститор треба да се смета и општина Струмица, затоа што Општината таму има извршено ослободување од плаќање на надоместок, а сепак инвестирала во изградбата на инфраструктурата во овие објекти.

Предлагаме:

Бидејки во собраниска процедура се измените на Законот за градежно земјиште, во законот нека вметне одредба со којашто Комуналниот надоместок уплатен од нивна страна ќе се смета за инвестиција во комунална инфраструктура, па така ќе ги озакони нивните желби.

За крај, општина Струмица им се извинува на сегашните инвеститори за споменувањето на нивните компании или упатувањето кон нив, доколку тоа за нив создаде одредени непријатности со прес-конференциите, испровоцирани од власта, со цел, од `се што можат да направат свој маркетинг.

На сите инвеститори општина Струмица целосно и со сите ресурси им стои на располагање во нивните намери.  Апелираме до Владата да престане за свои интереси да нанесува штета на РМ.

 

Comments are closed.