Бидете декоративни направете сами држачи за свеќички

Има некои работи за кои навистина можете со многу малку труд да постигнете многу фини и максимални резултати.

Бидете креативни и изработите држачи за свеќички, со многу малку материјали и за минимално време.

За изработка на овие интересни држачи за свеќички ќе ви бидат потребни следниве работи:

 

-капачиња од тегли

-темперни/акрилни бои

-четка за боење

-лепак

-шарени ткаенини, машнички и врвки

 

1. Првиот чекор што треба да го направите е да го обоите капачето со бојата која ви е омилена. Најверојатно ќе бидат потребни неколку слоја за да се покрие веќе постоечката боја на капачето.

2. Откако ќе го обоите капачето, оставете убаво да се исуши, земете го лепаток и облепете го капакот со некој од вашите шарени ткаенини кои ги имате одбрано. Можете исто така да залепите и плетено парче ткаенина и некакви видови на украсни ленти за декорација.

3. За да не изгледа премногу едноставно, можете да додадете уште еден детаљ, а тоа е да ги обоите и украсите и дното на капачето. Можете сами да бидете креативно, од хартија исечете мали форми на цветови, ѕвездички, или некој други форми, а потоа залепете по едно во средината на капачето.

Со мал труд, добивте креативни држачи за вашите свеќички кои што можете да ги сместите во дел од вашиот дом, како би добиле поинаква креација изработена токму од Вас.

Comments are closed.