ОО СДСМ – Струмица повторно го избра Марјан Даскаловски за претседател

 

Марјан Даскаловски, ја доби довербата за повторно да биде претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица. Според нив, покажаните успеси во претходните четири години, членството и симпатизерите знаеле да го препознаат неговиот квалитет и затоа повторно ја добил довербата да ја води општинската организација на СДСМ Струмица. Од партијата очекуваат уште поголема сплотеност со членовите и сопартијците за победа и на претстојните претседателски и парламентарни избори.

 

 

Comments are closed.