Турново на домашен терен одигра нерешено со Еуромилк во рамките од шестото коло, каде и покрај ремито, Хоризонт Турново и понатаму е лидер на табелата со 11 освоени бодови, бидејки Брегалница одигра без говоли со Македонија Горче Петров.
Турново со голот на Блажевски во 25 минута дојде до водство од 1:0. Но гостите во вторите 45 минути, возвратија преку Костенчовски кој што во 47 минута беше прецизен за Еуромилк односно за 1:1. На Хоризонт Турново сега му претстој гостување кај Ренова, која што е пласирана на 4-тото место со освоени 9 бодови. Доколку Турново ја совлада Ренова и понатаму може да остане на лидерското место, во спротивно ќе ја загуби лидерската позиција.
Табела: 1.Турново 11бодови, 2.Брегалница 11б, 3.Вардар 9б, 4.Ренова 9б, 5.Пелистер 9б, 6.Металург Скопје 8б, 7.Работнички 7б, 8.Шкендија со 7 освоени бодови, 9.Еуромил со 6 бодови, 10.Напредок 5 бодови, 11.Гостивар 5 бодови и Македонија ГП на 12 позиција со само 4 освоени бодови.
Александар Ванев