Минатата недела Територијалната противпожарна едница имала вкупно 17 интервенции во градот и населените места. Најчести проблеми биле запалени нискостеблести растенија, сува трева и отпаден материјал, а најдолгите интервенции се случиле во атарот на селата Сушица-Иловица и с. Вељуса каде пожарникарите гаснеле пожари два и пол часа.