Турново во дуел со вицешампионот Металург во осминафиналето од Купот

Моменталниот лидер Хоризонт Турново во осминафиналето на фудбалскиот Куп на Македонија го доби вицешампионот Металург.

Овој дуел на двата прволигаши ке биде дербито во оваа рунда од Купот. „Металурзите“ ќе имаат можност да му се одмаздат на амбициозниот состав на Хоризонт Турново за поразот од 2-0 во четвртото коло од првата лига.

Турново со победата од 4:0 над Беласица си обезбеди место во осминафиналето, додека пак Металург со минимална победа од 0-1 триумфираше против Корзо, со голот на Вујовиќ во 80.минута од дуелот.

Александар Ванев

Comments are closed.