Центарот за странски јазици Лингва НОВА на сите основци и средношколци им посакува успешна учебна година исполнета со многу знаења и петки !
Центар за странски јазици Лингва НОВА
раб.вр. 08.00 – 20.00 (понеделник-петок) 09.00 –16:00 (сабота)
тел. 034/ 323-771 070/ 394-544 локација: НАРОДНА ТЕХНИКА
ПРВООДДЕЛЕНЦИ, Ви посакуваме успешен почеток на Вашето образование. Да станете вредни ученици, кои лесно ќе ги совладуваат училишните обврски и ќе нижат успеси во учењето сите наредни години од своето образование. Почнете уште од прво одделение да учите странски јазици со Лингва НОВА. Колку порано започнете, толку подобро ќе го совладувате јазикот и во училиштето и ќе добивате само петки !
ОСНОВЦИ, ако сакате да го подобрите знаењето на некој странски јазик кој го учите во училиштето или пак сте одлични во неговото познавање, но сакате да се надоградите и подготвите за средното образование, дојдете во Лингва НОВА заедно да учиме или надоградуваме, со секого спрема неговите потреби !
СРЕДНОШКОЛЦИ, Вие се наоѓате на крстопат во Вашиот живот кога треба да го насочите Вашето понатамошно образование, а со тоа на еден начин да ја изберете Вашата идна професија. Познавањето на странските јазици е нужност која се наметнува како за понатамошното образование, така и за Вашето вработување и градење на успешна кариера !
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ, доверете го образованието на Вашите деца во сигурни раце ! Изберете долгогодично искуство, стручност и квалитет.
ЦСЈ Ви ги препорачува своите курсеви по сите странски јазици за Вашите ученици уште од прво одделение, па се до четврта година од средното образование.
Наставната програма која се применува во ЦСЈ Лингва НОВА е современа, од познати и веќе докажани издавачки куќи кои нудат побрзо и полесно учење на јазикот. Програма е прилагодена на возраста и знаењето на Вашите ученици. Само за нашите ученици од основно и средно образование се комбинира наставната програма на ЦСЈ Лингва НОВА со наставната програма од основните и средните училишта, се со цел да им се помогне на учениците во постигнување на подобар успех.
ПОСТОИМЕ ЗА ВАС, ДА ВИ ПОМОГНЕМЕ ДА ГО РАЗБЕРЕТЕ СВЕТОТ!