Турново на домашен терен го пречекува Еуромилк во рамките од шестото коло од Првата македонска фудбалска лига. Откако на гостувањето кај Македонија Горче Петров, Турново го претрпе првиот пораз во новата сезона и се врати со празни раце дома, сега му претстои натревар во кој мора да победи доколку сака и понатаму да остане на врвот на табелата. Турново во новата сезона забежели 3 победи, едно реми и еден пораз, со вкупен епилог од 10 бодови, додека пак неговиот гостин, Еуромилк, кој што моментално се наоѓа на осмата позиција со само 5 освоени бода, забележа 2 порази, една победа, и два натревари каде ги подели бодовите со противникот.
Во шестото коло покрај Турново со Еуромилк, ќе се одиграт и следниве двојки: Брегалница – Македонија Горче Петров, Гостивар го пречекува Пелистер, Металург Скопје има тежок натпревар против шампионот Вардар, Шкендија на домашен терен ке си ги одмери силите со Напредок. Вчера Работнички на домашен терен одигра 0:0 со Ренова, па така си поделија по еден бод.
Александар Ванев