Поради успехот што го остварија во минатиот период, фудбалскиот клуб „Тиверија’’ и ракометниот клуб „Зомимак М’’ ќе добијат финансиска помош од општинскиот буџет кој ќе изнесува 1,6 милиони денари, одлучено е вчера на шестата седница на Советот на општина Струмица
Овој предлог беше даден од страна на градоначалникот Зоран Заев, а советниците едногласно го усвоија. Финсиска помош ќе биде потик на овие два спортска клуба да остварат уште подобри резултати на натпреварите.