Осумдесет крадци на струја во Струмица

Осумдесет струмичани краделе струја од почетокот на годинава до денес. Од ЕВН Македонија велат, дека кражбите во струмичкиот крај ги има и во селата. Најчесто станува збор за манипулација на струја, див приклучок или пак нелегални електрични броила. Минатата недела СВР Струмица соопшти дека поднесе шест кривилни пријави за жители на Баница кои своите броила ги приклучиле директно на мрежата.

Оваа недела ЕВН Македонија комплетира нови 10 досиеја за крадење електрична енергија. Новите откриени корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење.

Од компанијата соопштија дека овие корисници, како и претходно откриените 35 од почетокот на месецов влегуваат во судска постапка по која ризикуваат покрај високата парична казна да заработат и затворска казна во траење до 5 години.

Екипите на ЕВН Македонија, полицијата и судските вешти лица од почетокот на август открија 15 корисници кои сами се приклучиле на дистрибутивната мрежа. Откриени се и 30 случаи на манипулирани броила, со што вкупната штета којашто ја направиле крадците изнесува 6,5 милиони денари или 1 милиони киловат-часови.

Од почетокот на годинава ЕВН Македонија откри 1.200 кражби на електрична енергија, штетата е 2,2 милиони евра, државата е оштетена за процентот на ДДВ или крадците потрошиле 20 милиони киловат-часови електрична енергија.

Извор: ВИС.МК

Comments are closed.