Холандска компанија отвара производствен погон за цвеќе во Струмица

Голема холандска компанија која се занимава со производство на цвеќе под вештачки услови во форма на расад, отвара производствен погон во Струмица, најави странски инвестиции градоначалникот Зоран Заев. Локацијата на новиот  погон ќе се наоѓа во стопанска зона и ќе се простира на површина од 42 889 метри квадратни.

„Очекуваме изградбата да почне во септеври месец заради тоа што главните проекти веќе се изведени. Самата инвестиција значи изградба на објект помеѓу 10 и 11 илјади метри квадратни со што се отвара и нови 250 работни места. Името на компанијата ќе биде објавено од самите преставници кога ќе започне изградбата.’’ – изјави Заев на денешната прес конференција.
Струмица како локација на холандска компанија е одбрана помеѓу седумнаесет можни во седум различни држави.

Тој додаде дека во завршна фаза е урбанизацијата на нова индустриска зона, наменета за стопански капацитети од мал обем. Станува збор за урбанизација на 350 илјади метри квадратни, од кои 120 илјади метри квадратни се државно земјиште кое го управува општината и претставува одлична можност  за веќе најавените домашни и странски инвеститори за изградба на мали производствени погони.

 

 

Comments are closed.