Заедно со повеќе „глобални херои’’ од 12 држави кои ќе трчат на маратонска стаза долга 42, 2 км помеѓу америчките градови Минеаполис и СТ Паул, ќе се наоѓа и преставникот на Македонија, Костадин Мартинов, кој поточно доаѓа од општина Ново Село.
Костадин Мартинов е преставникот на лицата со дијабетес тип 1 и единствен од Југоисточна Европа кој ќе биде член на тимот Медтроник Глобал Хирос кој е и составен дел од големиот маратон на кој учествуваат преку 10 илјади професионални и аматерски тркачи од целиот свет.
Со обзир дека си единствен преставник од Југоисточна Европа, како си одбран да бидеш дел на тимот „Global Heroes“?
Членовите на тимот се бираат од страна на непрофитната организација „Twin Cities In Motion“, што го организира настанот „Medtronic Twin Cities Marathon“.
Програмата наречена „Medtronic Global Heroes“ е лансирана во 2006 година, претставува програма што служи како инспирација за други луѓе кои страдаат од хронични болести.Секој од натпреварувачите на оваа трка има вграден или користи медицински уред што му помага во лекувањето на различни нарушувања на здравјето и при посебни состојби, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, хронични болки, како и невролошки нарушувања и нарушувања во ‘рбетот.
Од кои држави доаѓат останатите „глобални хероји’’?
Покрај мене како претставник од Македонија, оваа година членовите на тимот доаѓаат од 12 различни земји: Австралија, Кина, Ирска, Германија, Нов Зеланд, Португалија, Шведска, Тринидад и Тобаго, Уругвај и САД.
Што те мотивираше да бидеш дел од овој маратон?
Едноставно сакам да докажам дека дијабетесот не е болест, туку состојба. Секое лице со дијабет може да го поднесе и најтешкиот напор доколку правилно го менаџира својот дијабетес.
Во 2011 година на Кампот за лица со дијабет во Охрид се запознав со Нинослав Рашкович од Србија кој 2010 година беше Глобален херој. Неговото позитивно искуство ме инспирираше и јас да се заинтересериам и да се пријавам за овој настан.
Дали имаш припреми бидејќи стазата е долга преку 42 километра?
Секако. Во септември во Србија е организиран Пешчарски маратон, на кој и јас ке учествувам. За сето време кое е помеѓу, кондицијата ја стекнувам трчејќи во Ново Село.
Многи делат иста судбина со тебе. Има ли некој добар совет за дијабетичарите?
Бидете активни за подобра регулација на шекерот и бројте ги јаглените хидрати!