Членови на ПАОК Ентузијаст и Ајдуци Струмица со транспаренти во чест и почит на Ванчо Таковски

Во чест и со почит кон неодамна починатиот бивш Претседател на ФК Беласица Г-динот Ванчо Таковски,за време на традиционалниот марш на Беласица на врвот Тумба кој се одржува традиционално  во втората половина од август, членови на Планинарскиот клуб Ентузијаст од Струмица и навивачката група Ајдуци  развејаа транспаренти на кои пишуваше ,,Бате Ване, почивај во мир’’…

Со овој ваков гест, постарите навивачи – Ајдуции испратија порака дека ,,Бате Ване’’ не е  заборавен.

Comments are closed.