Повеќето од вас можеби сте запознаени со можностата на 1 куќиште и искористување на неговите перформанси до максимум, како и во училиштата кај нас, на 1 куќиште се врзуваат повеќе монитори, глувци и тастатури со цел да се достигне максимална искористеност на една конфигурација.
Еве како ова е возможно во домашни услови.
Следново напишано ќе има за цел да поврзи 2 независни десктопи на 1 куќиште (Може да се користи и 1 графичка со различни видови излези [VGA, HDMI и др.])
За се ова да работи НЕ ви е потребно
- NComputing софтвер, специјални свичови, терминали и се друго што навидум се користи во училиштата.
Ова работи на
- Windows XP 32b & 64b –
- Убунту (преку Wine) –
- Windows 7 32b & 64b –
Што ви е потребно?
- 1 куќиште со одлична конфигурација, минимум 4гб раб, минимум двојадрен процесор и доволно е по 1гб графички
Задолжително во вашата конфигурација да има
- 2 графички картички т.е. една онбоард друга експрес
- Повеќе УСБ порти – минимум 4
- 2 монитори, 2 тастатури & 2 глувчиња
- Специјален софтвер за кој ќе биде објаснето понатаму
Што да правам?
Поврзувањето е најлесниот дел од ова.
Поврзете ги 2-та минитори, едниот на онбоард, другиот на додадената графичка, и поврзете ги останатите влезни уреди т.е. глувчињата и тастатурите, не е битно дали тие се УСБ или со ПС2 интерфејс.
После поврзувањето вклучете го компјутерот, сеуште нема да ви работи како 2 независни компјутери,.
Софтвер?
Да, софтверот е клучниот дел од ова, за да ви проработи.
Софтверот се нарекува Aster Multi User кој што не е бесплатен и со секоја инсталација имате 15 дена тест период.
Како изгледа подесувањето на софтверот?
Софтверот автоматски ви ги дава сите достапни влезни уреди, и вие едноставно што треба да направите е да го смените полето Place што означува кој десктоп ќе го користи тој влезен уред. Избирате 1 и 2 за посебни монитори, ставате една тастатура и едно глувче со Place 1, исто така и со Place 2, кликате Apply, рестарт и имате сосема независни 2 десктопа, кои работат независно еден од друг.
Единствено заедничко кај овие десктопи е тоа што користат
- 1 куќиште на кое се поврзани
- 1 хардиск за зачувување на податоците
Еве сликовито како изгледа подесувањето на софтверот во Windows 7.
автор: Fatal Error – it.com.mk