Не сум човек денгубник.
Работам ноќе.
***
Конечно застанав на здрава нога.
Сега и Бил Гејтс може да се потпре на мене, мислам онака, физички.
***
За животен правец одбрав крива линија.
***
Бракот ми е кристал.
Само нозете му се од стакло.
***
Преминав од зборови на дела.
Станав човек од збор.
***
Влегов во нечист бизнис. Отпушувам канализациони цевки.
***
Пишувам збиено. За да не ми читаат меѓу редови.
***
Знам многу трикови во стилот врти – сучи. Сум работел порано во предилница.
***
Одамна сакам да и´ погледнам на вистината во очи, но таа постојано ми е свртена со грб.
***
Клаустрофобија: Не сум човек за во нечие срце.
Имам страв од затворен простор.