
Кошаркарите на Струмица утре ја отвараат новата сезона во Суперлигата, на домашен терен пред верната публика против Работнички.
Натпреварот од првото коло ќе се одигра во салата „Парк“ со почеток од 17 часот.
Пред натпреварот, тренерот на Струмица, Златко Зетов, вели дека целта на неговиот тим ќе биде опстанок.
„Гледајќи ги ростерите на сите екипи, сметам дека оваа сезона предначат екипите на МЗТ Скопје и Работнички, а сите други екипи по квалитет се изедначени и нијанси ќе одлучуваат кој кое место ќе го заземе на табелата. Што се однесува до нашиот тим, нашата првична цел е опстанок во Суперлигата, но доколку ни се пружи шанса сигурно ќе ја искористиме за да се вмешаме во борба за некое место погоре“, вели Зетов.
Тренерот на Работнички, Владимир Мирковски, потенцираше дека Работнички секогаш има високи амбиции и голема традиција, но тоа мора да се потврдува на терен на секој натпревар.
„Очекувам многу интересна, квалитетна и изедначена сезона. Повеќето екипи се засилија и тоа е добро за македонската кошарка, бидејќи ќе има повеќе силни и неизвесни натпревари. Нашата предност ја гледам, пред сè, во тимската игра, дисциплината и желбата за докажување. Работнички секогаш има високи амбиции и голема традиција, но тоа мора да се потврдува на терен на секој натпревар. Ќе одиме чекор по чекор и максимално ќе го почитуваме секој противник“, вели Мирковски.
Александар Ванев, Струмица Сити