Дерби во Струмица: Тиверија домаќин на Хоризонт Турново

ФОТО: Александар Ванев, Струмица Сити | Забрането преземање без претходна писмена согласност!

Четвртото коло на Трета лига регион 3 го носи натпреварот меѓу Тиверија и Хоризонт Турново, дерби во Струмица.

Тиверија по катастрофалниот старт на новата сезона ќе се обиде да ја поправи лошата слика, откако во првото коло загуби со 11:0 од Овче Поле во Свети Николе, а пак во второто коло на домашен терен доживеа нов дебакл губејќи со 0:13 од Дојранско Езеро.

Во третото коло Тиверија не отпатува во Берово за да го одигра натпреварот со Малеш.

Хоризонт Турново, пак, по три кола има два бода, откако ремизираше со Брегланица Делчево и Дојранско Езеро, а загуби од Огражден.

Поранешниот вицешампион на Македонија во четвртиот меч ќе ја бара првата сезонска победа.

Натпреварот меѓу Тиверија и Хоризонт Турново се игра утре, на теренот со вештачка трева од 15 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.