Огражден како фаворит оди во Виница: Тимот од Ново Село по четврта победа против Слога

Дебитантот во Трета лига – регион 3 утре во рамките на четвртото коло ќе гостува во Виница, каде ќе бара нови три бода против ланскиот второлигаш Слога.

По одличниот старт со три победи од толку натпревари, Огражден го дели врвот од табелата во Трета лига регион 3 со максимални девет бодови.

Тимот на Слога по три кола нема освоен бод и се наоѓа во долниот дел од табелата, а утре ќе се обиде против гостинот од Ново Село да стигне до првите бодови.

Со оглед на формата Огражден ќе биде фаворит за трите бодови, додека пак домаќинот ќе се потпира на домашниот терен и поддршката од домашната публика.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.