
Сабота е ден за женски фудбал во Струмица, Тиверија Брера ќе одигра три натпревари во три различни конкуренции на теренот со вештачка трева.
Од 12 часот кадетките на Тиверија Брера ќе играат против екипата на Вардар, веднаш потоа од 14 часот ќе започне натпреварот кај младинските, каде струмичанки ќе играат со екипата на Шкендија од Тетово.
Во сениорска конкуренција, Тиверија Брера ќе игра против Истатов од 16:30 часот.
Сите натпревари ќе се одиграат на теренот со вештачка трева во Струмица, а фудбалерките ја бараат поддршка од трибините.
„Од нашите најмлади надежи до сениорскиот тим – сабота е резервирана за фудбал! Ги повикуваме сите љубители на спортот да дојдат и да им дадат поддршка на нашите девојки од трибините! Три натпревари. Три генерации. Еден клуб. Една љубов“, велат од ЖФК Тиверија Брера.
Александар Ванев, Струмица Сити