Тиверија Брера денес во Струмица против Истатов ќе бара три бода

ФОТО: Спортска Мрежа

Фудбалерките на Тиверија Брера денес во рамките на 8. коло на Првата женска фудбалска лига во Струмица пред домашната публика ќе го пречекаат тимот на Истатов.

Фаворитската улога ја има домаќинот, кој во претходното коло загуби од Вардар и сега ќе бара експресно враќање на победничките патеки, против гостинот, кој е во резултатска криза со пет порази во низа.

Натпреварот се игра на теренот со вештачка трева во Струмица, со почеток од 16:30 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.