Тиверија Брера со победа во дербито над Каменица Саса

Тиверија Брера го доби дербито со Каменица Саса со 1:2 во рамки на второто коло на Првата женска фудбалска лига.

Струмичанки го продолжуваат победнички трет, а до победа над “рударките” во Македонска Каменица стигнаа со головите на Леонтина Пржолева и Билјана Панеска кои погодија во првиот дел.

Во 90. минута Туане Де Соуза постигна гол за конечни 1:2 и ублажување на поразот.

Тиверија Брера одлично ја отвори новата сезона 2026/2027 во Првата женска фудбалска лига.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.