
Брера Струмица на домашен терен во рамките на третото коло на Втората лига се соочи со новајлијата Камјани, а исходот беше победа за струмичани од 2:1.
Владимир Жоглев го отвори резултатот за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Давид Ристовски ја дуплираше предноста, а Веби Ислами ги постави конечните 2:1.
Брера и Беласица со по седум бодови го делат првото место на табелата во Втора лига.
Александар Ванев, Струмица Сити