
Брера Струмица дојде до голем бод во дуелот со Пелистер, откако на Градскиот стадион во Кавадарци одигра 0:0 во меч од второто коло на Втората македонска фудбалска лига.
Сепак, овој бод добива на тежина бидејќи речиси цело второ полувреме струмичани играа со играч помалку на теренот, откако капитенот Зоран Ивановски доби втор жолт картон.
За Пелистер ова е второ реми во низа и натаму чека на победа и има два бодови, а пак Брера има триумф и реми и вкупно четири бодови.
Во следното коло Брера на домашен терен ќе игра против дебитантот Камјани.
Александар Ванев, Струмица Сити