
Утре ќе се одигра дуелот на двата лански прволигаш – Брера ќе гостува кај Пелистер, но наместо во Битола, мечот ќе се игра во Кавадарци, поради обновување на тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.
Брера победнички ја започна сезоната откако на домашен терен славеше со 2:0 над Еуромилк ГЛ, додека пак Пелистер се „лизна“ на стартот играјќи 1:1 против дебитантот Камјани пред домашната публика во Битола.
Битолчани не смеат да си дозволат нов „кикс“ важат за прв фаворит за враќање во Прва лига, а пак Брера со млад тим ќе оди кон ново докажување дека може да се носи со секој нов предизвик во Втората лига.
Мечот се игра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 16:30 часот.
Александар Ванев, Струмица Сити
URsNRhgdKGAikmrjuMVKxqoM