Беласица утре со незгодно гостување кај Новаци

ФОТО: Спортска Мрежа

Беласица утре ќе има незгодно гостување кај Новаци во рамки на второто коло на Втората македонска фудбалска лига, меч каде струмичани ќе бараат нови три бодови и со тоа да го продолжат победничкиот ритам од првото коло, а домаќинот ќе бара прв триумф по поразот во првото коло.

Беласица нема да може да смета на Виктор Делов кој е со репрезентацијата на Македонија до 20 години на Медитеранските игри во Таранто, Италија, а пак Новаци нема да може да смета на Стефан Спироски кој е санкциониран со четири натпревари поради директен црвен картон од мечот со Охрид, како и на Јусуф Каба кој нема да игра на еден меч поради два жолти картони од првото коло со Охрид.

Беласица тргна победнички во новата сезона славејќи со минимални 1:0 над Осогово, додека пак Новаци загуби од Охрид со 2:1.

Натпреварот се игра утре со почеток од 16:30 часот.

Александар Ванев, Струмица Сити

2 comments on “Беласица утре со незгодно гостување кај Новаци