
Ланскиот прволигаш Брера Струмица на домашен терен со сигурни 2:0 го доби новиот второлигаш Еуромилк од Горно Лисиче во рамките на првиот меч од новата сезона во Втората македонска фудбалска лига.
Струмичани резултатот го отворија преку Игор Ристов за водство на полувреме од 1:0, а во вториот дел новото засилување Владимир Жоглев погоди за конечни 2:0.
Во следното коло Брера ќе гостува кај Пелистер, а Еуромилк ГЛ дома ќе игра со Македонија ЃП.
Александар Ванев, Струмица Сити