
Беласица со победа ја отвори новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако триумфираше на домашен терен над Осогово со минимални 1:0.
Стрелец на единствениот победнички гол во Струмица беше „џокерот“ од клубот Рон Мемеди, откако постигна гол во вториот дел.
Гостинот од Кочани пружаше силен отпор во текот на целиот меч, но истиот беше скршен за отварање на резултатот, а до крајот со неколку шанси и едните и другите не претворија акција во гол.
Во следното коло Беласица ќе гостува кај Новаци, а Осогово ќе гостува кај Камјани.
Александар Ванев, Струмица Сити