Тиверија Брера со висок пораз од шампионот Љуботен ја заврши сезоната во Првата женска фудбалска лига

ФОТО: Александар Ванев, забрането превземање на фотографијата без претходна добиена согласност од авторот на фотографијата! АРХИВА

Тиверија Брера е вицешампион на Македонија во Првата женска фудбалска лига, но струмичанки со висок пораз од 4:0 го завршија шампионатот, откако во Тетово беа поразени од старо-новиот шампион Љуботен.

Екатерина Фролова во 8. минута постигна гол за водство на Љуботен од 1:0. До крајот на првиот дел Хава Мустафа погоди за 2:0 на полувреме.

Во второто полуреме Хава Мустафа постигна уште два гола за хет-трик, а со тоа и ги постави конечните 4:0.

Тиверија Брера сезоната ја заврши на второто место, а пак Љуботен е старо-новиот шампион на Македонија, откако Љуботен претходно ја одбрани и Куп-титулата славејќи во финалето токму на Тиверија Брера.

Александар Ванев, Струмица Сити

Comments are closed.